ЗA МЕД  |  КОНТАКТ  |  ЗАЧЛЕНУВАЊЕ  |  МАПА НА САЈТОТ  |  ПОДДРЖЕТЕ НЕ |  ПОМОШ  

МК  |  EN

 

 

 

 

Почетна страница

Научни собири

III Конгрес

II Конгрес

I Конгрес

Симпозиуми и трибини

Издавачка дејност

Списание "Екологија и заштита на животната средина"

Информатор на МЕД

Посебни изданија

Проекти

Проект за заштита на мршојадците во Македонија

Проект за монитoринг и заштита на балканскиот рис

Осоговските Планини во Балканскиот зелен појас

Значајни растителни подрачја

Зајакнување на капацитетите на МЕД

Мониторинг на обични видови птици

Завршени проекти

Галерија

 

 

WEB-страната на Македон-ското еколошко друштво бе-ше развиена со грант на Фондацијата „Институт отво-рено општество - Македонија“ и Mинистерството за култура на РМ. Одржувањето е овоз-можено со проектот „Јакнење на мрежата на еколозите во Македонија преку зголему-вање на капацитетите на Маке-донското еколошко друштво“, финансиран од Британското еколошко друштво.

 

Hit Counter

 

ПТИЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА - МАЛ ПРИРАЧНИК

 

Македонското еколошко друштво ја издаде книшката ,,Птиците на Македонија - мал прирачник“, наменета пред сè за почетниците и сите оние кои сакаат да се занимаваат со набљудување на птиците. Во неа се наоѓаат илустрирани и накратко опишани 136 видови птици, број кој преставува селекција од преку 300 вида кои се среќаваат во Македонија.

Во книшката се вклучени оригинални илустрации на птиците, многу често покажувајќи ги и разликите помеѓу половите, возраста или различните форми. Илустрациите се проследени со краток текст кој дава насоки за полесна идентификација на видовите (големина и краток опис, а во некои случаи и однесување) и најчестите живеалишта во кои тие се среќаваат.

Во книшката е вклучено кратко поглавје како се врши набљудување на птиците, кое треба да им помогне на сите почетници во ова хоби.

Книшката не е наменета да служи како стручна литература, но овозможува запознавање со најчестите видови птици во Македонија, нивниот гнездов и сезонски статус, како и типот на живеалишта во кои тие се среќаваат.

 

Книшката ,,Птиците во Македонија - мал прирачнике изработена во рамките на проектот ,,Јакнење на капацитетите на невладините организации да развијат и користат индикатори за дивите видови птици како начин за влијание на промена на политиката заради постигнување на целта на Конвенцијата за Биолошка Разновидност и Европската Унија за запирање на загубата на биолошката разновидност до 2010 година “, финансиран од Програмата за мали грантови на Глобалниот еколошки фонд, спроведена од УНДП (Програма за развој на Обединетите нации).