| Промоција на проектот за заштита на мршојадците во Демиркаписката Клисура |
|
|
|
|
Македонското еколошко друштво ќе одржи јавна презентацијата на резултатите постигнати со реализацијата на проектот за заштита на мршојадците во Демиркаписката Клисура, која ќе се одржи на 16ти јули 2009 година (четврток), во ресторанот „Кучкин“ (поранешен пензионерски дом) во Демир Капија.
Дневен ред:
12:00 – Добредојде. 12:10 – Состојба со мршојадците во Македонија и закани кои придонесуваат за нивно исчезнување. 12:40 – Проект за заштита на мршојадците во Демиркаписката Клисура – постигнати резултати. 13:10 – Дискусија: Идни активности за заштита на мршојадците во Демиркаписката Клисура и Македонија.
Проектот се реализира во соработка со општинaта Демир Капија и Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ, со финансиска поддршка на меѓународната организација за заштита на птиците BirdLife International и Британската компанија LUSH Ltd. Проектот започна да се реализира во 2008 година, и при спроведувањето на истиот МЕД организираше серија едукативни предавања по населените места во регионот, изгради хранилиште и редовно вршеше прихрана и монитринг на мршојадците. Како резултат на спроведување на проектот, бројот на белоглави мршојадци во Демиркаписката Клисура се зголеми од 3-4 двојки во 2007, на 7 двојки во 2009 година, додека бројот на египетските мршојадци остана непроменет, на само две двојки. |



