| Повик за мали грантови Осогово |
|
|
|
|
ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМАТА ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ ОРГАНИЗИРАНА ОД ПРОЕКТОТ " ОСОГОВСКИТЕ ПЛАНИНИ ВО БАЛКАНСКИОТ ЗЕЛЕН ПОЈАС
Швајцарската фондација Про НАТУРА (Pro Natura) преку Македонското еколошко друштво (МЕД), во соработка со РиР НОВА ДОО (R&R NOVA Ltd.) објавува повик за поднесување на проекти кои се однесуваат на зачувување и промоција на природните вредности на подрачјето на Осоговските Планини. Повикот е организиран во рамки на проектот „Осоговските Планини во Балканскиот зелен појас“ кој е имплементиран од МЕД и РиР НОВА. Овие грантови се финансиски поддржани од ПРО НАТУРА Швајцарија – Пријатели на Земјата. Повикот е отворен до 15ти септември 2009 година, пријавувањето на проектните концепти се врши според Формуларот за аплицирање. Подетални информации за малите грантови / критериумите за аплицирање / лицата (физички и правни) кои може да земат учество во повикот погледнете во поглавјето Критериуми.
Критериуми за аплицирање Пред да аплицирате за Малите Грантови, Ве молиме внимателно да ги прочитате подолу наведените критериуми, за да утврдите дали Вашиот Проект може да се квалифицира. За горенаведеното но и за какви било подетални информации Ве молиме да се обратите на контакт лицето во вашата општина номинирано од Агенцијата за оддржлив развој на осоговскиот регион или кај Кирил Ковачев (071226407) Катерина Иванишевиќ 070305760) Мали грантови за Осоговскиот регион Што претставува мал грант за Осоговскиот регион? Грант до 3.000 ЕУР за заштита или промоција на природните вредности на Осогово или подобрување на системот на управување со природни ресурси во регионот на Осоговските Планини. Кој може да аплицира ? Легитимни субјекти за поднесување на предлог проекти се: Индивидуи (физички лица ) или мали групи (кои потпишале договор за меѓусебна соработка); НВОи, здруженија и други правни лица кои работат на заштитата на природата / животната средина; (Училишта, Општини, Месни заедници и Фирми) Една организација може да аплицира со повеќе проекти. Кофинансирање на предлог-проектите од други извори е возможно и се поттикнува. Теми кои ќе се поддржат: Промоција на природните вредности во регионот;Заштита на билошката разновидност;Управување со природни ресурсиАлтернативни форми на туризам. Критични компоненти за аплицирање: Влијанието мора да е практично, мерливо и одржливо; Грантот мора да ја сочинува главнината од вкупниот буџет; Средствата мора да се користат првенствено на теренот, Пожелно е проектите да бидат од општ бенефит на населението. Апликацијата нема да се земе предвид доколку целосно не се пополни ФОРМУЛАРОТ за АПЛИЦИРАЊЕ. Проектот треба генерално да е со времетраење од 6 -12 месеци. Кој генерално неможе да се квалифицира? Проекти кои не се од интерес за заштита на природните вредности на Осоговскиот регион: Инфраструктури проекти; Конференција или семинар. КРАЕН РОК Повикот е отворен до 15ти септември 2009 година, подготвените проектните концепти треба да се достават на следните web адерси: kitanova@mes.org.mk; k.ivanisevic@naturanova.com.mk; osogovo@mes.org.mk или на адреса: Македонско еколошко друштво ул. Кузман Јосифовски Питу бр. 28/3-7 1000 Скопје Апликациите ќе се разгледаат и одлуките ќе се донесат во период од 20 дена по поднесувањето. Нема интервјуа. Донаторот го задржува правото да не ги распредели сите предвидени средства доколку предложените проекти не одговараат на целите на проектот Осогово – дел од Балканскиот зелен појас. Упатство за аплицирање Пријавувањето на проектните концепти се врши според Формуларот за аплицирање Официјалниот формулар за аплицирање мора да се користи и апликантите мора да ги пополнат уредно потрбните информации. Потребни документи кои треба да се достават најдоцна до 15ти септември 2009 година се: Потпишано пропратно писмо;Уредно пополнет формулар;CV на раководителот на проектот;Детален буџет на проектот;Потврда за обезбедо кофинансирање, доколку е обезбедено кофинансирање;Потпишан документ за меѓусебна соработка доколку повеќе субјекти го поднесуваат формуларот. Предложените проекти треба да завршат до 30ти септември 2010 година. Се препорачува проектот да е со времетраење од 6 до 12 месеци, иако секој проект се разгледува и оценува на индивидуален начин, со што должината на проектот е флексибилна. Подетални информации за малите грантови / критериумите за аплицирање / лицата (физички и правни) или други информации може да добиете преку контакт лицата:
|



