|
ИЗБРАНИ НАЈДОБРИТЕ ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ НА МЛАДИТЕ ЕКОЛОЗИ |
|
|
|
|
Комисијата ги разгледа пристигнатите предлог проекти на 25.05.2010 година, и донесе одлука МЕД да ја финансира реализацијата на седум од нив. За најквалитетни предлози, односно со освоени најмногу бодови согласно критериумите за избор објавени во повикот, беа избрани следните:
| Наслов на проектот | Раководител | | ГИС картирање на блатните екосистеми во Преспанскиот регион | Лазар Николов | | Валоризација на Sphagnum-овото тресетиште Буковиќ, Пехчево и определување на главните фактори кои влијаат на промените на екосистемот | Александра Цветкоска | | Диверзитетот на дневните пеперутки во природниот резерват Езерани | Емилија Божиновска | | Пилот примена на мониторинг на рибите од Преспанското Езеро | Ана Спирковска | | Vo potraga po Zingel balcanicus (Karaman, 1937) | Даниела Христоска | | Проценка на состојбата со популациите на модра Боровинка (Vaccinium myrtillus и Vaccinium uliginosum), шарпланински чај (Sideritis scardica) и див чемер (Gentiana lutea и Gentiana punctata) и нивниот ресурсен потенцијал во Реканскиот регион | Научно истражувачко здружение при Фармацевтски Факултет - Скопје | | Развој на методологија за испитување на ендокрини нарушувачи (пестициди и други хемикалии) во човечка коса | Каролина Пендовска | Раководителите на проектот ќе бидат повикани на потпишување на договорите најдоцна до петок, 4ти јуни 2010 година. Раководителите на предлог-проектите кои не беа одобрени оваа година се охрабруваат да дојдат на консултација во МЕД за подобрување на предлозите, со што повторно би можеле да конкурираат во 2011 година. |