| Одбележан меѓународниот ден на биолошката разновидност и Светскиот ден за заштита на животната средина |
|
|
|
|
Со поздравен говор за значењето на биолошката разновидност „Паневропскиот пикник за биолошка разновидност“ го отворија: г-н Неџати Јакупи, министер за животна средина и просторно планирање, г-ѓа Дирдра Бојд, постојан координатор на Обединетите нации и постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите нации, и амбасадорот Ерван Фуере, специјален претставник на Европската Унија и Шеф на Делегацијата на Европската Унија. Се промовираа книгите: „Природните вредности на Шар Планина“ и „Значајни растителни подрачја во Македонија“. По двочасовните презентации се одбележа и Светскиот ден за заштита на животната средина 5 јуни, со симболично чистење на Попова Шапка. Потоа следеше коктел и традиционална храна со теренска посета на локалитетот Јелак.
|






