Прва работилница по проектот „Развој на национална репрезентативна мрежа на заштитени подрачја“ PDF Печати Е-пошта

 

На 06 јули 2010 година во хотел Континентал, Скопје во периодот од 09:30 до 14:30 часот се одржа првата работилница за презентирање на постигнатите резултати од проектната активност „Развој на репрезентативна мрежа на заштитени подрачја“ која ја спроведува Македонско еколошко друштво во рамките на Проектот на UNDP и ГЕФ за „Зајакнување на еколошката, институционалната и финансиската одржливост на системот на заштитени подрачја во Македонија“.

Воспоставувањето на репрезентативен нaционален систем и мрежа на заштитени подрачја, ќе придонесе за спроведување на обврските на државата кои произлегуваат од Законот за заштита на природата, меѓународните договори ратификувани од страна на Република Македонија, а ќе помогне и за имплементација на двете основни директиви на ЕУ за заштита на природата Директивата за птици (79/409/ЕЕС) и Директивата за живеалишта (92/43/ЕЕС) во процесот на подготовка за членство во ЕУ.

 Pictures/Other/H. Kontinental.jpgPictures/Other/Prezentacija Kontinental.jpg
 Pictures/Other/Rabotilnica.jpg Pictures/Other/Prezentacija Ljupco.jpg

 

На работилницата беа присутни повеќе од 40 учесници од следниве институции и организации: Македонско еколошко друштво, UNDP, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство, Министерство за транспорт и врски, Министерство за економија, Агенција за патишта, Агенција за планирање на просторот, Природно-математички факултет, Шумарски факултет, Факултет за земјоделски науки и храна и други.

Работилницата се одвиваше по следниов дневен ред:

 

Време

 

09:15 – 09:30

Регистрирање на учесниците

09:30 – 10:00

Воведни обраќања

д-р Соња Лепиткова, заменик министер за животна средина

г-дин Филип Иванов, директор на Управата за животна средина

м-р Робертина Брајаноска, раководител на проектот од МЕД

г-дин  Тони Поповски, раководител на проектот од УНДП

10:00 - 10:30

Претставување на учесниците

10:30 - 10:45

Напредок во реализацијата на проектната активност „Развој на репрезентативна мрежа на заштитени подрачја“

м-р Робертина Брајаноска, МЕД

10:45 - 11:15

Кафе пауза

11:15 - 11:45

Национални заштитени и предложени подрачја (прв нацрт)

Проф. д-р Љупчо Меловски, ПМФ, Институт за биологија

11:45 - 12:15

Селектирани значајни видови за заштита: листи и дистрибуција

Доц. д-р Славчо Христовски, ПМФ, Институт за биологија

12:15 - 12:45

Содржина на базата на податоци

Методија Велевски, МЕД

12:45 – 13:45

Дискусија

13:45 - 14:00

Затворање на работилницата

14:00 - 15:00

Коктел

Во конструктивната дискусија главен акцент беше ставен и на следново:

  •   финализирање на репрезентативната мрежа на заштитени подрачја;
  •   разгледување на можностите за стекнување првен статус (нејзино прогласување преку некоја уредба) и вклучување во процесот на просторно планирање;
  •   воспоставување активна соработка меѓу МЖСПП и другите надлежни министерства;
  •   усогласување на мрежата на заштитени подрачја со различните планови за намена и искористување на земјиштето;
  •   зајакнување на капацитетот на локално ниво;
  •   потреба од прогласување на пониски категории на заштитени подрачја;
  •   потреба од формирање на стручен Завод за заштита на природата;
  •   изработка на карта на која ќе бидат обележани заштитените и предложените подрачја за заштита во рамките на административните граници на секоја општина;
  •   обезбедување финансиски средства за заштита на природата од Буџетот на РМ.

            Контакт:

Робертина Брајаноска,

Раководител на проектната активност

e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите