МАКЕДОНСКО ЕКОЛОШКО ДРУШТВО PDF Печати Е-пошта

Канцеларија:

Бул. „Кузман Јосифовски - Питу“, 28/III-7, 1000 Скопје
тел.: +389
 (0)2 2402 773 и +389 (0)2 2402 774 ;
факс: +389 (0)2 2402 775

Седиште:
Институт за биологија, Природно-математички факултет,
 
Ул. „Гази Баба“ бб., 1000 Скопје, П. Фах 162.
тел: +389
 (0)2 3249 611 и +389 (0)2 3249 627;
факс: +389 (0)2 3228 141
contact@mes.org.mk

Македонското еколошко друштво (МЕД) е формирано во 1972 година со мисија за обединување на еколозите од Македонија, развој на екологијата и поефикасно решавање на проблемите во животната средина.
 
Друштвото е формирано како членка на Сојузот на друштвата на еколозите на Југославија, под името „Друштво на еколозите на Македонија“. Со пререгистрацијата од 1998 година го носи денешното име.  Со промената на Статутот од 12.03.2010 година променета е и мисијата на МЕД:
 - Да ја унапредува еколошката наука, науката за животната средина и биолошката разновидност и нивната заштита, како и да промовира еколошки оправдано користење на природините ресурси.
Во истиот Статут е прикажана и визијата на МЕД:
 - МЕД сака да ја види Македонија како општесто во кое еколошката наука и пракса е на високо ниво, економскиот развој почива на принципите на одржливост, а стандардите за заштита на животната средина и природата се на ниво на Европската Унија.

Во МЕД членуваат околу 100 активни членови со различно поле на интерес.
Основните цели на МЕД се:
- Промовирање на екологијата како наука;
- Заштита и унапредување на животната средина и природата;
- Ширење на еколошките знаења и унапредување на еколошкото образование; и
- Промовирање на принципот на одржлив развој.

Од 1993 година МЕД го издава списанието „Екологија и заштита на животната средина”, а секои четири години организира и конгрес на еколозите на Македонија, кој има меѓународен карактер. 

Македонското еколошко друштво:

- е член на Европската еколошка федерација http://www.europeanecology.org

- е член на Централно-источноевропската работна група за заштита на биолошката разновидност http://www.ceeweb.org

- е партнер на Европскиот центар за заштита на природата http://www.ecnc.nl/

- е подружница (Affiliate) на BirdLife International во Македонија http://www.birdlife.org

Со работата на МЕД раководи Претседателство составено од седум членови. Претседателството на МЕД беше избрано на Годишното собрание одржано на 17.02.2009 година, и има мандат од две години.

Име и презиме

Функција

Институција/организација

д-р Љупчо Меловски

Претседател

Институт за биологија, ПМФ - Скопје

д-р Љупчо Групче

Член

Македонско еколошко друштво

д-р Владимир Џабирски

Член

Факултет за земјоделски науки и храна - Скопје

д-р Тодор Ановски

Член

Технолошко-металуршки факултет - Скопје

д-р Александар Трендафилов

Член

Шумарски факултет - Скопје

д-р Славчо Христовски

Член

Институт за биологија, ПМФ - Скопје

Светлана Арсовска

Член

Македонско еколошко друштво

 

Работата на МЕД се одвива преку реализирање на проекти и преку организираност во секции. Денес МЕД работи на имплементација на шест проекти, а работата е организирана во единаесет секции, утврдени со Статут. Бидејќи се уште не е одржано изборно собрание и не се избрани раководители за сите секции, овде се прикажани деветте секции кои имаат раководител.

Раководител

Секција

Институција/организација

д-р Дана Прелиќ

Урбана екологија

Институт за биологија, ПМФ - Скопје

Методија Велевски

Биодиверзитет

Македонско еколошко друштво

м-р Александра Цветковска

Млади еколози

Институт за биологија, ПМФ - Скопје

д-р Сретен Андонов

Агроекологија

Факултет за земјоделски науки и храна - Скопје

д-р Драган Колчаковски

Геодиверзитет

Институт за географија, ПМФ - Скопје

д-р Иван Блинков

Шумска екологија

Шумарски факултет - Скопје

д-р Златко Левков

Хидробиологија

Институт за биологија, ПМФ - Скопје

д-р Трајче Стафилов

Заштита на животната средина

Институт за хемија, ПМФ - Скопје

д-р Маја Јорданова

Еколошка едукација

Институт за биологија, ПМФ - Скопје

 

Kонтролата на спроведувањето и почитувањето на Статутот на МЕД, правилниците и деловниците за работа и надзор на финансиското и материјалното работење на органите и телата на МЕД ја врши Надзорниот одбор, составен од три членови.

Име и презиме

Функција

Институција/организација

д-р Зоран Поповски

Член

Факултет за земјоделски науки и храна - Скопје

Марјана Шушлевска

Член

ФАРМАХЕМ – Скопје 

Сузана Андонова

Член

Канцеларија за озон - МЖСПП

 

Стручната служба (канцеларијата) на МЕД брои единаесет вработени, од кои директор кој раководи со канцеларијата, технички секретар, четворица раководители на проекти и петмина асистенти на проекти.
 

Име и презиме

Функција

Методија Велевски

Извршен директор, Раководител на проект

Александра Тодоровска

Технички секретар

м-р Робертина Брајаноска

Раководител на проект

Деспина Китанова

Раководител на проект

Светлана Арсовска

Раководител на проект

Данка Узунова

Раководител на проект

м-р Катерина Русевска

Асистент на проект

Александар Стојанов

Асистент на проект

Диме Меловски

Асистент на проект

Ѓорѓе Иванов

Асистент на проект

Александар Саров

Асистент на проект

Статутoт на МЕД беше променет на Годишното собрание оджано на 12.03.2010 година, и него може да го видите тука.
Подстатутни акти на МЕД.

Решение за регистрација: II Рег. ЗГ. бр. 50/98 од 24.12.1999 година.

Трансакциска сметка: 300000000278717
Депонент на: Комерцијална банка АД, Скопје

Број на девизна сметка: 02-701-00172477
IBAN: МК07300701001724724
Депонент на: Комерцијална банка АД, Скопје
SWIFTKOBSMK2X

Даночен број: 4030985348821
Матичен број: 4113004