Директива за птиците PDF Печати Е-пошта

Триесет години од усвојувањето на Директивата на Европската Унија за заштита на дивите птици

На 2ри април 2009 година, во Информативниот центар на Европската комисија, Македонското еколошко друштво и Министерството за животна средина и просторно планирање организираат соодветно одбележување на триесет годишнината од усвојувањето на Директивата на Европската Унија за заштита на дивите птици, со следната програма:
 

12:30 – 12:50  Отворање
г-дин Ерван Фуере, специјален претставник на ЕУ и шеф на делегцијата на Европската комисија
Д-р Неџати Јакупи, Министер за животна средина и просторно планирање
Д-р Љупчо Меловски, претседател на Македонското еколошко друштво

12:50 – 13:10 Птиците во Македонија – диверзитет, закани и заштита
г-дин Методија Велевски, Македонско еколошко друштво
13:10 – 13:30 Значајни орнитолошки локалитети и Натура 2000/Емералд мрежа во Македонија
м-р Робертина Брајаноска, Македонско еколошко друштво
13:30 – 13:45 Кафе пауза
1
3:45 – 14:05 Директивата за птици, национално законодавство и стратешки документи за нејзина имплементација во Македонија
Г-ѓа Даниела Стефкова Рендевска, Министерство за животна средина и просторно планирање
14:05 – 14:30 Дискусија

Директивата на Европската Унија за заштита на дивите птици (79/409/ЕЕЦ), попозната како Директива за птиците, е најстариот правен акт, обврзувачки за земјите членки на ЕУ, кој се однесува на заштита на природата. Признавајќи го сè поголемото негативно влијание врз птиците и согледувајќи го намалувањето на нивната бројност, земјите членки на Унијата на 2ри април 1979 година ја усвоија Директивата за птиците, чија главна цел е да обезбеди заштита, управување и контрола на дивите птици како и на нивните гнезда, јајца и живеалишта, кои природно се јавуваат во Европската Унија.

Имајќи предвид дека многу видови птици во Македонија се веќе исчезнати, а други се пред исчезнување, и секако заради аспирациите на Македонија за прием во Унијата, сметаме дека 30-годишнината од усвојувањето на оваа Директива е соодветен момент да се укаже на мноштвото проблеми со кои денес птиците, но и природата во Македонија воопшто, се соочуваат. Исто така, оваа годишнина претставува соодветен момент да бидат претставени и обврските на нашата земја кои произлегуваат од приемот во Европската Унија, а се однесуваат на заштитата на птиците и нивните живеалишта.

Дополнителни информации за Директивата, како и текстот на истата, може да се најдат на следната веб-страница:

http://ec.europa.eu/environment/nature/legislation/birdsdirective/index_en.htm

Работна верзија на преводот на македонски јазик на Директивата е достапна на:

http://tcu.sep.gov.mk/tr/do/EuMeasures целекс број 31979L0409.

Дополнителни информации за Натура2000 мрежата може да се најдат на:

http://ec.europa.eu/environment/nature/natura2000/index_en.htm

Дополнителни информации за значајните орнитолошки локалитети може да се најдат на:

http://www.birdlife.org/action/science/sites/