| Годишно собрание 2009 година |
|
|
|
|
ГОДИШНО СОБРАНИЕ Собранието го отвори претседателот на Македонското еколошко друштво, проф. д-р Љупчо Меловски преставувајќи дел од активностите, историјатот, улогата на МЕД во Република Македонија. Деканот на Шумарскиот факултет проф. д-р Бранко Рабаџиски од името на вработените ги поздрави сите членови на МЕД како и останатите присутни и ја искажа својата благодарност бидејќи ова Собрание се одржува на нивниот факултет како е еден од најстарите факултети во Македонија, со долгогодишно искуство и работа во областа на заштитата на животната средина.По изборот на членови на Работното претседателство, Собранието продолжи со својата работа соодветно предложениот дневен ред кој беше едногласно усвоен од присутните.Следуваа интересни предавања од актуелни теми: - Испитување на загадувањето на почвите со тешки метaли во Велес и неговата околина - проф. д-р Трајче Стафилов, Во врска предавањата, од присутните беше развиена дискусија во врска презентираните примери на негативно влијание на човекот врз животната средина. Во таа насока, на Собранието беше предложено и усвоено, да се изготви декларација за состојбата на Македонија која понатаму ќе биде доставена до надлежните органи и институции.Во продолжение на работата на Собранието беа презентирани и извештајот за работата и финансискиот извештај на Друштвото за 2008 година, како и програмата за работа на МЕД за 2009 година. Беа избрани новите членови на Претседателство на Друштвото, членовите на Надзорниот орган на Друштвото и новите раководители на секции. На Собранието беше претставен Зборникот на трудови од III Конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество.
|



