Зачленување PDF Печати Е-пошта

Член на МЕД се станува со пополнување на пристапница и уплаќање на годишната членарина. Уплатата на членарината се врши лично, во канцеларијата на МЕД, или со банкарски трансфер - уплатница (пожелно). Членството се продолжува секоја година, со уплаќање на членарината не подоцна од 30ти јуни во тековната година.

Висината на годишната членарина за 2008 година е 500 денари за лица со лични примања (вработени и пензионери), и 100 денари за лица без примања (ученици, студенти и невработени). Висината на годишната членарина беше одредена на Годишното собрание одржано на 04.12.2008 година.

Пополнување на уплатницата:

Примач:
Македонско еколошко друштво

Трансакциска сметка:
300000000278717

Депонент на:
Комерцијална банка АД, Скопје

Цел на дознака:
Уплата на членарина за ???? година

Пополнетата пристапница и фотокопијата од уплатницата испратете ги на адреса на канцеларијата на МЕД: Бул. „Кузман Јосифовски - Питу“, 28/III-7, 1000 Скопје. За нивниот прием и обработка ќе бидете известени преку електронска пошта.

Уплатената членарина овозможува право на глас на Годишното собрание, и добивање на материјалите кои МЕД ги публикува.

Пред пополнувањето на пристапницата, Ве молиме да се запознаете со статутот и подстатутните акти на МЕД.