МЕД во BirdLife International PDF Печати Е-пошта

На седницата на Светскиот совет на BirdLife International, која се одржа на 28 мај 2009 година, беше прифатена апликацијата на Македонското еколошко друштво да претставува подружница во Македонија на оваа најмоќна светска организација за заштита на птиците и биодиверзитетот.

Прифаќањето уследи по позитивната оценка на претставникот на BirdLife International, г-дин Александре Винтчевски, кој беше во посета на МЕД во ноември 2008 година, и позитивната препорака на Европскиот Совет на BirdLife од јануари 2009.

До добивањето на статусот на рамноправен партнер во оваа асоцијација, не чекаат уште најмалку четири години интензивна работа на полето на заштитата на птиците и биодиверзитетот, како и понатамошно јакнење на нашите капацитети.

Повеќе информации за BirdLife International може да добиете на нивната веб страница: www.birdlife.org