| Избрани проектите од конкурсот за млади еколози |
|
|
|
|
Комисијата за оценка на предлог-проектите на млади еколози донесе одлука за финансирање на девет проекти. На објавениот повик за поднесување проектни концепти/проекти за доделување мали грантови заклучно со 10.06.2009, пристигнаа вкупно 16 проекти кои беа доставени до членовите на комисијата. На 15.06.2009 комисијата одржа состанок за евалуација на предлог-проектите, во согласност со целите на повикот и наведените седум критериуми за оценување.
Со големо задоволство комисијата констатираше дека поголемиот број од предлог-проектите се со висок квалитет, но за жал заради лимитираноста на средствата, мораше да изврши рангирање на предлозите, и за финансирање да предложи само девет од нив. На ден 19.06.2009 година Претседателството на МЕД го усвои предлогот на комисијата, и донесе одлука да бидат поддржани следниве проекти:
· Истражување на биодиверзитетот на централниот масив на Шар Планина - Јасмина Стојановска (ИДСБ) · Дневните пеперутки како биолошки индикатори за човековото влијание врз животната средина во Струшкиот регион - Драган Арсовски · Определување на степенот на рецентна и палео еутрофикација на Охридското Езеро - Александра Цветкоска · Компаративна студија на габи и лишаи – индикатори на аерозагадувањето во урбаните подрачја на Скопје, Велес и Тетово - Тодор Токов · Проучување на биолошката разновидност на терестричните гастроподи на планината Плачковица - Трајче Митев · Испитување на загадувањето на воздухот со тешки метали во Кавадарци и неговата околина - Катерина Бачева · Изложба на еколошки фотографии од Осоговските Планини - Лиде Стојановска · Популациски истражувања на херманиевата желка (Testudo hermanni), рибарката (Natrix tessellata) и поскокот (Vipera ammodytes) на островот Голем Град - Богољуб Стеријовски · Макроинвертебратите и рибната фауна од реката Пчиња - структура на заедницата и проценка на еколошкиот статус на екосистемот - Донка Петрова
МЕД им честита на раководителите на избраните проекти, со желба за успешно спроведување на истите. |



