Работилница за заштита на балканскиот рис PDF Печати Е-пошта

Работилницата за изготвување на Национален акционен план за заштита на балканскиот рис се одржа на 22 јуни 2009 година во просториите на Клубот на пратеници во Скопје. Поканети учесници на оваа работилница беа претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за внатрешни работи, Националните паркови, Ловечката федерација, ЈП Македонски шуми како и невладиниот сектор.

На оваа работилница главно се работеше на веќе постоечките активности кои произлегоа од изготвувањето на Регионалната стратегијата за заштита на балканскиот рис (Пештани , 3-4 јуни 2008 година). На работилницата за подготовка на Акциониот план учесниците имаа задача да ги приоретизираат зададените активности, да посочат индикатори за нивно исполнување, да дадат одреден временски рок и кој ќе биде вклучен во нивно исполнување.

Регионалната стратегија и Националниот акционен план беа изготвени во еден партиципативен процес со учество на сите засегнати страни. Во наредниот период очекуваме овие два документи да бидат потпишани и прифатени од МЖСПП и да служат како значајна алатка за заштита на балканскиот рис.