|
ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ - ИЛИНСКА ПЛАКЕНСКА ПЛАНИНА |
|
|
|
|
Среда, 16 Ноември 2011 12:19 |
|
Македонското еколошко друштво (МЕД) и германската фондација Еуронатур (EuroNatur) објавуваат Повик за поднесување на предлог проекти кои се однесуваат на локален одржлив развој на подрачјето на Илинска и Плакенска Планина. Висината на малите грантови со кои ќе се подржат проектите изнесува од 2.000 до 3.000 ЕУР по проект. Легитимни субјекти за поднесување на предлог проекти се: Општините Демир Хисар, Другово, Дебарца и Охрид, нивните месни заедници и организации, како и сите здруженија на граѓани, правни и физички лица со седиште во горенаведените општини. Крајниот рок за доставување на предлог проекти е 30ти декември 2011 година. Повикот е во склоп на Програмата за мали грантови организирана во рамките на проектот „Програма за закрепнување на балканскиот рис II“. Проектот го спроведува МЕД во соработка со Еуронатур, а е финансиски подржан од Фондацијата „МАВА“ од Швајцарија. |
|
Повеќе...
|
|
Петок, 21 Октомври 2011 10:06 |
|
МЕД како академски спонзор со свое претставување ќе учествува на 11-от еколошки конгрес ИНТЕКОЛ кој ќе се одржи во Лондон од 18-23 август 2013 година. Конгресот ќе претставува централен настан и ќе се одржи во рамките на Фестивалот што Британското еколошко друштво (БЕС) http://www.britishecologicalsociety.org, ќе го организира по повод прославувањето на постоењето на еколошката наука како и стогодишнината од своето постоење. Овој настан ќе се одвива под мотото: "Екологија: во следните 100 години!“ Особено важни за овој конгрес ќе бидат предлозите кои ќе бидат фокусирани на идните насоки на дејствување во сферата на екологијата. Со програмата се предвидени пленарни предавања на 10 светски познати предавачи, главни воведни предавања, работилници, сесии со поднесени апстракти и проширени постер сесии. Вклучувањето на учесниците ќе биде можно и преку работилници или апстракти, учество или вмрежување. Повикот за симпозиумот е отворен од мај 2011 година. Повеќе информации околу поднесувањето пријави за учество ќе најдете во второто известување за ИНТЕКОЛ 2013 (http://www.intecol2013.org). |
|
Работилница за одржливо искористување на лековитите и ароматични растенија и шумските плодови во Западен Балкан |
|
|
|
|
Четврток, 29 Септември 2011 12:39 |
|
Подготовка на регионална Црвена книга, поттикнување на жителите во руралните области за да започнат со одгледување на лековити и ароматични растенија, како и подобра регионална соработка се дел од заклучоците на тридневната работилница „Овозможување на одржливо управување со шумските плодови со фокус на лековитите и ароматични растенија во Југоисточна Европа“, којашто од 21-25 септември се одржа на островот Вилм во Североисточна Германија. Претставниците од Македонското еколошко друштво ги претставија неофицијалните податоци од проектот „Улогата на природните ресурси во одржливото рурално живеење во Западен Балкан. Распределба и состојба на недостатоците и придобивките“ според кои во Западна Македонија луѓето од планинските села претежно собираат лековити растенија и шумски плодови за домашна употреба, но не и за продажба. Според експертите од Меѓународната организација за храна и земјоделство - ФАО, најверојатно регионот во иднина ќе се соочи со драстично намалување на бројот на собирачи поради масовното иселување од руралните средини. - Треба да се размислува како да се спречи руралниот егзодус што се случува во Западен Балкан и да се поттикнат луѓето од планинските села да продолжат со традицијата, рече Пол Вантом од Меѓународната организација за храна и земјоделство - ФАО. Земјите од Балканот и Југоисточна Европа се едни од главните извозници во светот на суровина за лекови, ароматични масла и производи од печурки и шумски плодови, токму затоа потребни се итни мерки за поголема одржливост на ресурсите и построга контрола од соодветните институции. Работилницата беше организирана од Германската федерална агенција за заштита на природа, (BFN), Меѓународната организација за храна и земјоделство, ФАО и Светската Мониторинг мрежа на трговија со производи од растително и животинско потекло, ТРАФИК.
|
|
Завршна презентација на проектот за развој на национална еколошка мрежа во Република Македонија (МАК-НЕН) |
|
|
|
|
Петок, 17 Јуни 2011 11:31 |
|
Македонското еколошко друштво во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и Европскиот центар за заштита на природата од Холандија организира завршна презентација на проектот за развој на национална еколошка мрежа во Република Македонија (МАК-НЕН). Настанот ќе се одржи на 22 јуни 2011 год. (среда) во ресторанот Ореов Лад, Скопје. На настанот се поканети голем број претставници од сите засегнати страни: министерства, јавни претпријатија, научни установи, субјекти за управување со заштитените подрачја, невладини организации итн. со кои ќе ги споделиме нашите досегашни достигнувања во рамките на МАК-НЕН проектот и ќе продискутираме за идните предизвици за спроведување на националната еколошка мрежа. |
|
Изложба на тема: биолошка разновидност во Р. Македонија |
|
|
|
|
Четврток, 12 Мај 2011 10:39 |
|
Изложбата на тема: Биолошка разновидност во Република Македонија, организирана од страна на Детскиот ликовен центар и МЕД, како и доделувањето на наградите и признаниците за учество, ќе се одржи на 27 мај со почеток во 17 часот, во Галерија изложбен простор на Детскиот ликовен центар во зградата на Кинотека на Македонија (Детска библиотека „Другарче“), ул. „Никола Русински бр. 1, нас Карпош 3, Скопје. Десетте првонаградени ученици: -Бељмише Бељуроски, 7 одд. (13 год.) ОУ „Тодор Јанев’ – Чашка (ментор: Анкица Марковиќ), -Алмина Лекпек, 5 одд. (10 год.) ОУ „Рајко Жинзифов“ – с. Долно Оризари, Велес (ментор: Лила Арсова), -Ана Марија Симоноска, 8 одд. (14 год) ОУ „Кочо Рацин“ - Охрид (ментор: Симон Костадиноски), -Ангела Николоска, 7 одд. (13 год.) ОУ „Кочо Рацин“ - Охрид (ментор: Симон Костадиноски), -Емилија Јовческа, 5 одд (11 год.) ОУ „Јосип Броз Тито“ - Струга (ментор: Аце Младеноски), -Моника Николовска, 6 одд. (12 год.) ОУ „Браќа Миладиновци“ – Скопје (ментор: Ленче Гулевска), -Ангела Кралевска, 6 одд. (12 год.) ОУ „Тихомир Милошевски“ – Скопје (ментор: Виолета Ристовска), -Анастасија Јовчевска, 8 одд. (14 год.) ОУ „Ѓорче Петров“ – Скопје (ментор: Силвана Горчевска), -Ања Поповиќ, 8 одд. (14 год.) ОУ „Мирче Ацев“ – Скопје (ментор: Влатко Костадиновски), -Теодора Трајковска, 8 одд. (14 год.) ОУ „Мирче Ацев“ – Скопје (ментор: Влатко Костадиновски). За повeќе информации можете да се обратите на 02/3072209 или на 076 987 024 Харалампие Манчев – Детски ликовен центар, или на 02/2402-773 Александра Тодоровска - Македонско еколошко друштво. |
|
Меѓународен научен собир ECOSYSTEMS 2011 |
|
|
|
|
Четврток, 12 Мај 2011 10:00 |
|
Катедрата за екологија и заштита на животната средина при Природно-математичкиот факултет од Сараево, во соработка со Одделението за природни и математички науки АНУБиХ, организира меѓународен научен собир „Структура и динамика на екосоставот на Динарите (состојба, можности и перспектива)“. Научниот собир ќе се одржи од 15-16 јуни 2011 година во Сараево, а ќе биде посветен на обележувањето на 80 години од раѓањето и 55 години работа на професор Мусе Диздаревич. Дополнителни информации во врска со собирот може да најдете на www.anubih.ba/ecosystems-2011. |
|
Прекуграничен форум за Осогово |
|
|
|
|
Среда, 11 Мај 2011 09:11 |
|
По пет години успешна реализација на проектот „Осоговските Планини во Балканскиот зелен појас“, овие планини претставуваат добро истражено подрачје со изработена база на податоци за биодиверзитетот и други клучни аспекти преку кои се одредени потенцијалите за воспоставување на заштитено подрачје во регионот. Со цел разгледување на можностите за воспоставување прекугранично заштитено подрачје на Осоговските Планини како еден од приоритетните региони долж границата помеѓу двете држави, на 16-ти и 17-ти мај 2011 година, во манастирот Св. „Јоаким Осоговски“ - Крива Паланка ќе се одржи Прекуграничен форум за Осогово, во организизација на Македонското еколошко друштво (МЕД) и Бугарската фондација за биолошка разновидност (БФБ) од Бугарија, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија. Форумот ќе претставува платформа на која ќе има можност да се проследат резултатите и достигнувањата на проектот, заеднички да се разгледаат потенцијалите на Осогово како заштитено подрачје и да се придонесе кон одржливиот економски развој на регионот. |
|
Трета работилница за еколошки мрежи |
|
|
|
|
Петок, 15 Април 2011 14:33 |
|
Во рамките на проектот "Развој на национална еколошка мрежа во Република Македонија (МАК-НЕН)", во периодот 19-20 април 2011 година, ќе се одржи третата (последна) работилница за еколошки мрежи. Целта на оваа работилница е да се презентираат финалните резултати во рамките на проектот: изработената Студијата за кафевата мечка, картата на националната еколошка мрежа МАК-НЕН, направената анализа за влијанието на различните сектори во имплементацијата на еколошката мрежа, како и да се презентира и дискутира нацрт акциониот план за заштита на коридорите за мечката. На работилницата ќе присуствуваат претставници од Европскиот центар за заштита на природата од Холандија (ECNC) и претставници од сите засегнати страни: министерства, научни институции, управи на национални паркови и други заштитени подрачја, релевантните сектори (земјоделство, шумарство, транспорт итн.), општини и др. |
|
Tри секторски обуки за националната еколошка мрежа |
|
|
|
|
Понеделник, 21 Февруари 2011 17:21 |
|
Во рамките на проектот "Развој на национална еколошка мрежа во Република Македонија (МАК-НЕН)", кој го споведува Македонското еколошко друштво (МЕД) заедно со Европскиот центар за заштита на природата (ECNC) од Холандија, во соработка и со поддршка од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање од Република Македонија, ќе се организираат три секторски обуки за националната еколошка мрежа за следните сектори: - просторно планирање, 23 февруари 2011 година (среда), - рурален развој, 25 февруари 2011 година (петок), - транспорт, 28 февруари 2011 година (понеделник). Целта на обуките е да се презентираат досегашните резултати во рамките на МАК-НЕН проектот, картата на националната еколошка мрежа, влијанието на различните сектори во имплементацијата на еколошката мрежа, како и да се разгледаат можностите за преземање заеднички мерки за зачувување на идентификуваните коридори за мечката. Обуките ќе се одржат во канцеларијата на МЕД. |
|
Понеделник, 14 Февруари 2011 17:44 |
|
На 31.01.2011 година во просториите на НВО Центар (МКЦ), се одржа Годишно собрание на МЕД. На Годишното собрание се усвоија промените во Статутот на МЕД (кои ги налага новиот закон за здруженија на граѓани). Согласно истиот Статут, беа избрани новите членови кои ќе го сочинуваат Претседателството на МЕД: Младен Поп-Трајков, м-р Роберт Јаневски и д-р Милица Ристовска. На Собранието беше презентиран извештајот за работата на Друштвото за 2010 година, како и финансискиот извештај и програмата за работа за 2011 година. Се донесе одлука за издавање на годишна членска книшка која членовите ќе ја добијат по уплаќањето на годишната членарина. Исто така беше донесена одлука за заедничко залагање против изградбата на хидроцентрала на Луково Поле во НП „Маврово”, поради големата штета која ќе се предизвика врз биодиверзитетот и значителното оштетување на Националиот парк. |
|
|
Завршна работилница - проект „Крилја преку Балканот“ |
|
|
|
|
Понеделник, 07 Ноември 2011 19:15 |
|
Во периодот од 8 до 12 ноември 2011 година, во хотел Оаза, Штип ќе се одржи завршна работилница во рамки на проектот „Крилја преку Балканот“. Целта на завршната работилница е да се презентираат и промовираат досегашните резултати достигнати во рамките на проектот од сите парнерски организации вклучени во негова реализација, да се одредат понатамошните насоки за работа кон остварување на ефикасна заштита на птиците и природата преку остварување соработка меѓу регионалните организации, Euronatur и BirdLife International. На работилницата ќе учествуваат претставници од сите осум организации од Балканот, како и BirdLife International и Euronatur (Германија). |
|
Европски денови на набљудување на птиците 2011 – Придружете ни се во прославата! |
|
|
|
|
Петок, 30 Септември 2011 09:16 |
|
Во наредните недели милиони птици преселници ќе ја напуштат Европа до нивните места за презимување во Африка. Годинава партнерски организации на BirdLife International од 37 земји од Европа и Централна Азија ќе организираат едукативни и теренски настани со цел набљудување на птиците и нивната преселба, како дел од прославата на Европските денови на набљудување на птиците 2011 (Eurobirdwatch 2011) Што е Eurobirdwatch? Насекаде низ Европа, во првиот викенд на октомври, години наназад, се одбележуваат денови на набљудување на птиците, организирани од Birdlife International. Ова е дел од World Birdwatch, глобална иницијатива, започната пред 12 години, чија цел е вклучување на што е можно повеќе луѓе во набљудување птици, на барем еден викенд во годината и собирање на што поголем број податоци од набљудувањата. Одбележувањето на Eurobirdwatch 2011 во Македонија ќе се одвива на 1-ви и 2-ри октомври, со два теренски и неколку едукативни настани на два локалитета: - Саботата е резервирана за посета на клисурата на р. Бабуна (поаѓање во 9 часот од вливот на р. Бабуна во р. Вардар, близу кланицата Агриа – 5 км јужно од стариот пат за Градско) - Недела наутро преселбата на птиците ќе се следи од ридот Куфиљук кај Гевгелија (од 9 часот наутро), од каде има добра прегледност на Вардарската долина во Гевгелиската котлина Покрај следење на преселбата на птиците, целта на настанот е запознавање на луѓето со методите на набљудување на птиците и ширење на оваа пракса. За детални информации како да ни се придружите на оваа прослава, информирајте се директно во канцеларијата на МЕД. |
|
МЕД – домаќин на три теренски обуки за партнерски организации од Албанија, Косово и Хрватска |
|
|
|
|
Среда, 31 Август 2011 14:21 |
|
Претставници од невладината организација за заштита на животната средина во Албанија PPNEA, од Американскиот Универзитет од Косово AUK, како и од Факултетот за Ветеринарна медицина од Загреб изминативе два месеци беа дел од обуките наменети за правилно спроведување анкети со локално население коишто МЕД ги организираше во Македонија. Обуките се дел од активностите на проектот „Улогата на природните ресурси во одржливото рурално живеење во Западен Балкан. Распределба и состојба на недостатоците и придобивките“ којшто Македонското еколошко друштво заедно со Норвешкиот Институт за истражување на природа (NINA), како и со горенаведените партнерски организации започна да го спроведува оваа година. Тимовите од Албанија и Косово учествуваа во теренските истражувања во селата Калиште, Ломница и Шипковица, кадешто директно спроведуваа анкети со локално население, додека тимот од Хрватска беше дел од теренските истражувања во селото Велебрдо во Националниот Парк Маврово. Посетителите од овие земји, веднаш по теренските обуки отпочнаа со спроведување на анкети и во своите држави. До крајот на октомври се очекува да заврши првата фаза на теренските истражувања предвидени за оваа година. До тогаш ќе бидат собрани вкупно 1.000 анкети во дел од планинските села во Западен Балкан, од кои 300 анкети само во Македонија. Анкетите во земјава се спроведуваат во 10 села во Мавровскиот и Шарпланинскиот регион. Анкетите треба да покажат колку всушност локалното населението се занимава со лов, риболов, собирање на лековити растенија, чаеви, печурки, како и собирање и сечење на дрва за огрев. Анализата на податоците пак треба да покаже дали населението има некаква економска корист од користењето на природните ресурси како и дали тие се користат на одржлив начин.  |
|
Резултати од одбележувањето на Светските денови на птиците преселници |
|
|
|
|
Понеделник, 23 Мај 2011 09:26 |
|
Посетителите кои дојдоа на штандот на Македонско еколошко друштво во едукативнот центар во Зоолошката градина беа претежно деца (околу 300 посетители) кои зедоа учество во креативните активности со цел славење на преселбата на птиците. Покрај можноста да ги набљудуваат птиците во зоолошката градина преку телескоп, тие масовно земаа учество во решавање на квизот и цртаа цртежи на тема “Птиците и нивната преселба”. Од мноштвото цртежи за најкреативен беше избран оној на Дарко Миленкоски од Скопје, а најдобро познавање за преселбата на птиците преку решавање на квизот покажа Марко Анастасов. |
|
Повеќе...
|
|
Приклучете се во пребројувањето на обичните видови птици! |
|
|
|
|
Четврток, 12 Мај 2011 10:32 |
|
Обичните видови птици се среќаваат насекаде околу нас – тие се директно поврзани со човековите активности и заради тоа нивната бројност и присуство се одличен показател за состојбата на животната средина и природата воопшто. Затоа пребројувањето и моноторинг на обичните видови птици се користи како алатка за создавање индикатори за промените во животната средина и е долгогодишна пракса во мноштво европски земји. Почнувајќи од 2007 год. Македонско еколошко друштво се приклучи кон оваа европска иницијатива, со цел проценка на сосотојбата на животната средина со помош на обичните видови птици. Методологијата на пребројувањето на обичните видови птици е едноставна и унифицирана за сите земји учеснички и се спроведува двапати годишно од 15 април до 15 јуни - период кој го опфаќа крајот на преселбата и гнездењето на птиците. Кликнете овде за повеќе детали за пребројувањето на обичните видови птици во Македонија, а ако сакате да дознате каква е сосотојбата со развивање на инидкаторите на европско ниво проследете го следниот линк. Ги очекуваме вашите пријави за учество во пребројувањето на uzunova@mes.org.mk. |
|
Придружете ни се во прославата на светските денови на птиците преселници |
|
|
|
|
Среда, 11 Мај 2011 13:17 |
|
Прославата на светските денови за миграторните видови птици започна во 2006 година, како годишна кампања за подигање на свеста и нагласување на потребата од заштита на миграторните видови птици и нивните живеалишта, организиран од Програмата за животна средина на Обединетите Нации. По тој повод, секој втор викенд од месец мај, луѓето низ светот организираат јавни настани како фестивали, едукативни програми и екскурзии за набљудување птици. По втор пат годинава Македонското еколошко друштво се приклучува кон оваа прослава со организирање едукативно-креативна работилница на тема "Луѓето и птиците имаат заеднички дом – да го зачуваме!". Акцент на овогодишната прослава е ставен на пренамена на земјиштето за потребите на човекот и како птиците се справуваат со тие промени. Затоа главните активности на оваа прослава имаат едукативна цел - обезбедување подетални информации за тоа како нашите активности имаат влијание врз животот на птиците и природата воопшто. Исто така, дел од прославата е и креативната работилница за најмладите каде преку решавање квизови, ликовен натпревар и запознавање со принципите на набљудување на птиците, ќе научат како можеме да придонесеме кон зачувување на заедничкиот дом на луѓето и птиците. Бидете дел од славењето на природниот феномен на преселба на птиците и придружете ни се на 14 и 15 мај 2011 од 11 - 15 часот, во едукативниот центар на Зоолошката градина во Скопје. За повеќе детали околу прославата прочитајте тука: http://www.worldmigratorybirdday.org/2011/ |
|
Европски ликовен конкурс на тема „Мојата пролет“, во склоп на кампањата „Пролетта доаѓа“ |
|
|
|
|
Понеделник, 09 Мај 2011 10:37 |
|
Правила за натпреварот - Мојата пролет 1. Натпреварот е во организација на BirdLife International. 2. Учесниците во натпреварот треба да се помлади од 16 години и мора да го пријават првото видување на некоја птица на www.springalive.net. 3. Учесниците треба да ја прикажат пролетта како што ја гледаат децата. 4. Траење и последен датум: Цртежите треба да се предадат најдоцна до 21.06.2011. 5. Учество: Учесниците треба да испратат е-маил на
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
со наслов “My Spring” со следниов текст: : “I would like to participate in the Spring Alive drawing contest. Please find attached my drawing. I confirm that it is all my own work. I am ….. years old”. Покрај годините треба да се додадат и личните податоци на учесникот: име, презиме, адреса и телeфон. 6. Учесникот може да приложи само еден цртеж. 7. Со приложувањето на цртежот учесниците се согласуваат нивните податоци да бидат употребени од страна на BirdLife International по потреба за целите на натпреварот. 8. Во натпреварот неможат да учествуваат вработени во организацијата која ја координира кампањата Пролетта Доаѓа! и нивните семејства. 9. Оценување: · Caroline Pridham - Менаџер за развој на програми во Bird Life International, Претставник на Mistusbishi Corporate Fund for Europe and Africa · Lars Lachmann – Државен програм менаџер на RSPB · Karolina Kalinowska – Интернационален координатор за Пролетта Доаѓа Одлуката на оценувачите ќе биде конечна и нема да постои можност за приговор или кореспонденција во врска со оценувањето или одлуките на оценувачите. 10. Награди: 1 место: Swarovski двоглед 8x20 B 2 место: Canon фото апарат Ixus 107 3 мести: Canon фото апарат PowerShot A495 11. Резултати: Резултатите од натпреварот ќе бидат објавени на www.springalive.net на 15 јули 2011 година. Победниците ќе добијат и одделен е-маил кој ќе ги извести за наградата. 12. Заштита на права: Со учествувањето во натпреварот се согласувате дека BirdLifeInternational и неговите национални партнери имаат право да ги издаваат вашите дела приложени за натпреварот во секаков формат. |
|
Зимски цензус на водни птици 2011 |
|
|
|
|
Петок, 25 Февруари 2011 16:18 |
|
Македонското еколошко друштво годинава продолжи со зимското пребројување на птиците – International Waterbird Census (IWC), организирано од Wetlands International - мeѓународната организација за заштита на водните живеалишта. Според планираната програма заврши зимското пребројување на водни видови на птици за оваа година. Тоа се реализира на 11 локалитети а пребојувањето го направија 15 волонтери - членови на МЕД, членови на Фондот за дивата флора и фауна (ФДФФ) од Кавадарци и вработени од националниот парк „Галичица“ од Охрид. Според добиените резултати, пребројани се 40525 птици од 36 видови птици. Од нив најбројни беа: лиските, нуркачите, дивите патки, кормораните, чапјите итн.   |
|
Покана за учество на Јавен ликовен конкурс на тема: БИОЛОШКА РАЗНОВИДНОСТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА |
|
|
|
|
Понеделник, 21 Февруари 2011 13:29 |
|
Почитувани наставници - ментори и ученици - млади ликовни творци, Ве покануваме да учествувате со ученички ликовни творби на Јавниот ликовен конкурс, кој го организираат Детскиот ликовен центар и Македонското еколошко друштво, на тема: Биолошка разновидност во Република Македонија, а по повод деценијата на биолошката разновидност прогласена од Обединетите Нации. Пропозиции - услови за учество: Право на учество имаат ученици на возраст од 10 до 14 години кои ја посетуваат наставатa по предметот ликовно образование. Дозволени се сите ликовни подрачја: Цртање, Сликарство, Графика, Керамика и Комбинирани техники (глина, метал, дрво, стакло, текстил и хартија). Темата на изложбата нуди можност да се прикаже целокупниот разновиден жив свет, растенијата, животните, живеалиштата и еко-системите кои ја сочинуваат биолошката разновидност во Република Македонија. Во прилог на конкурсот Ви доставуваме текст со стручни информации и подетално објаснување од Македонското еколошко друштво кои ќе Ви помогнат при изработката на ликовните творби за учество на ликовниот конкурс. Пожелно е ликовниот педагог - менторот и учениците кои ќе изработат творби за ликовниот конкурс и зададената тема и можните подтеми да соработуваат и се консултираат со наставникот по биологија во Вашето основно училиште. Жири комисијата ќе го земе во предвид придржувањето на зададената тема од страна на организаторите. |
|
Повеќе...
|
|
Втора работилница за проектната активност „Развој на репрезентативна мрежа на заштитени подрачја во Република Македонија“ |
|
|
|
|
Среда, 24 Ноември 2010 15:55 |
|
На 18 ноември 2010 година, во хотелот „Александар Палас” во Скопје се одржа втората работилница во рамките на проектната активност „Развој на репрезентативна мрежа на заштитени подрачја во Република Македонија“ како дел од проектот на УНДП и ГЕФ за „Зајакнување на еколошката, институционалната и финансиската одржливост на системот на заштитени подрачја во Македонија“. Околу 60 учесници од повеќе владини институции, агенции, научни институции, локални самоуправи и невладини организации присуствуваа на работилницата.Целта на работилницата беше да се презентираат досегашните активности поврзани со реализација на оваа проектна активност, односно изработката на различните леери со меѓународно прогласени подрачја (значајни подрачја за птици, растенија и пеперутки, подрачја вклучени на Рамсарската и УНЕСКО листата, Емералд подрачја, како и подрачја со девствени шуми) кои ќе послужат за креирање на репрезентативната мрежа на заштитени подрачја. |
|
Повеќе...
|
|